Член 1 — Опсег на примена
Овие Општи услови го регулираат односот помеѓу МИКОМ-98 ДООЕЛ Кочани, со седиште во Кочани, Република Македонија, како давател на услуги на информатичкото општество поврзани со продажба на стоки преку интернет на страницата malenasupplements.mk, од една страна, и лицата кои пристапуваат на неа и ги користат нејзините услуги, од друга страна.
Секој однос што не е изречно уреден со овие услови подлежи на позитивните прописи на Република Македонија.
Член 2 — Дефиниции
| malenasupplements.mk | Интернет страница за електронска трговија во сопственост на МИКОМ-98, која овозможува преглед и купување на понудените производи. |
| Купувач | Секое физичко или правно лице кое купува производи од страницата. |
| Посетител | Секое лице кое ги разгледува производите без да сподели свои лични податоци. |
| Кошничка | Систем за меморирање на избраните производи пред да се пристапи кон наплата. |
| Кон каса | Системот за наплата, каде се внесуваат податоците за достава и се избира начинот на плаќање. |
| Партнерски (B2B) панел | Посебен дел од страницата, достапен само за одобрени правни лица, со договорени големопродажни цени. |
Член 3 — Регистрација на купувач
Како купувач може да се јави:
- Секое деловно способно физичко лице со валидна е-пошта. Со регистрацијата потврдувате дека имате наполнето 18 години и дека податоците што сте ги внеле се точни и важечки.
- Правно лице со валидна е-пошта, кое е легално регистрирано и постои согласно законите на матичната земја.
Купување е возможно и без регистрација, како гостин. Во тој случај податоците се користат само за таа нарачка и не се создава кориснички профил.
Член 4 — Начини на плаќање
Купувачите што плаќаат со картичка треба да бидат сопственици на важечка платежна картичка издадена на нивно име. Податоците за картичката ги обработува исклучиво системот на банката овластен за електронска трговија — ние не ги гледаме и не ги чуваме. По завршената трансакција се враќате на malenasupplements.mk.
Член 5 — Цени на производите
На секој производ е истакната продажната цена — крајната цена по единица или за дадената количина, со вклучен данок на додадена вредност и сите други јавни давачки.
Наплатата секогаш се врши во денари. Доколку е избрана опција цените да се прикажани во друга валута, тие податоци се само информативни, а наплатата останува во денари.
Член 6 — Испорака
Доставата се врши преку специјализирана курирска служба. Трошоците за достава ги подмирува купувачот, освен за нарачките што ги исполнуваат условите за бесплатна достава — тие се јасно означени, а условите се објаснети на страницата Испорака и достава.
Обврски на malenasupplements.mk
- Сите производи од една нарачка се пакуваат и испраќаат во една пратка.
- Нарачката се предава во предвидениот рок, согласно избраниот начин на испорака.
- Се обезбедува потпишана потврда за прием — за идентитетот на примачот и за соодветноста и исправноста на доставените производи.
- Архивата на сите нарачки и испораки се чува најмалку три години.
Обврски на купувачот
- Да внесе целосна и точна адреса за испорака. За трошоците настанати поради погрешна адреса одговара купувачот.
- Да обезбеди примачот да биде достапен на наведената адреса и телефонски број. Ако обидот за испорака не успее, трошокот за повторна испорака го сноси купувачот — тоа важи и за производите со бесплатна достава.
- Да се потпише на потврдата за прием при примањето на пратката.
Член 7 — Рекламации
Условите за рекламација, гаранција и постапката за пријавување се објаснети подетално на страницата Враќање и рекламации.
Член 8 — Одбивање и враќање на производ
Купувачот може да ја откаже нарачката и да го одбие преземањето на пратката сè додека пратката не е подигната — кај курирот или во карго центарот. Во тој случај пратката се враќа кај продавачот, нарачката се затвора и купувачот не должи плаќање за производот.
Враќање во рок од 14 дена
Откако пратката е подигната, купувачот може да го врати производот без наведување причина во рок од 14 дена од приемот, ако производот е неотворен, во оригиналното пакување, со неоштетена заштитна лента или печат, неоштетен и комплетен. Трошокот за враќање на производот го сноси купувачот. Продавачот ги враќа парите за производот најдоцна во рок од 14 дена од пријавата за враќање, откако производот ќе пристигне и ќе се утврди дека е неотворен. Ако се враќа целата нарачка, продавачот ја враќа и платената достава.
Отворен производ не може да се врати поради предомислување. Предмет на продажба се додатоци во исхраната и храна за спортисти, запечатени заради здравје и хигиена: откако печатот ќе се отвори, производот не може повторно да биде ставен во промет.
Погрешен или оштетен производ
Ако е испорачан производ различен од нарачаниот или производот пристигне оштетен, купувачот има право на бесплатна замена или враќање на парите, по свој избор, ако тоа го пријави во рок од 24 часа од приемот. Трошоците за враќање и замена ги сноси продавачот. За фабрички дефект важи гаранцијата.
Секое барање се разгледува поединечно и мора да биде поткрепено со доказ — фискалната сметка, оригиналната амбалажа и, каде што е применливо, фотографија на недостатокот. Постапката и роковите се уредени во Член 7 и подетално на страницата Враќање и рекламации.
Член 9 — Услови за остварување на правата
За да ги оствари правата од овие Општи услови, купувачот е должен да ги приложи документите добиени при испораката и производот да го чува неоштетен и неупотребуван.
Член 10 — Измена на општите услови
Овие Општи услови може да бидат изменети доколку тоа го налагаат условите на пазарот или законските прописи. Измените и дополнувањата се објавуваат јавно и се достапни на вообичаен и пристапен начин, а изменетиот текст е достапен на оваа страница.
Со користењето на страницата и на услугите на МИКОМ-98 се согласувате со овие услови.
